Корисниците на електрична енергија од првиот блок кои имаат најмала потрошувачка од први јануари ќе плаќаат поевтина струјa. Притоа, струјата за корисниците од вториот блок останува со иста цена, а поскапа струја ќе има за корисниците од третиот и од четвртиот блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски ги кажа нивите цени на струјата за домаќинства
Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16%, втор блок и евтина се исти, трет блок се зголемува за 2,88% и четврт блок се зголемува за 1,86%.
Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 %, втор блок се зголемува за 8,62%, трет блок за 9,46%, четврт блок за 4,92% и евтината тарифа за 15,42%“, вели Бислимовски.
Со новиот концепт пристап кон мрежа, Бислимовски смета дека е напраева фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, а мрежарината се намалува за скоро 23 %