Министерот за внатрешни работи во Техничката влада во 2020 година Наќе Чулев, вечерва во 10МИНУТИ на ТВ21 зборува за злоуптребата на пасоши.
Тој вели дека за време на неговиот мандат за министер, била поднесена кривична пријава за злоупотреба на пасоши, но дека предметот бил во фиока, и дека после четири години делото се повторува.
„Сигурно паметите дека јас како МВР во Техничката влада во 2020 година врз основа на внатрешна контрола, констатирав злоупотреба во делот на набавка на пасоши, и тогаш поднесовме кривични пријави до ОЈО за организиран криминал и корупција. Кривичната пријава стои во фиока, и сега после четири години се повторува истото кривично дело. Доколку се постапуваше, сега немаше да се случува повторно ова. Јас ќе препорачам на идниот министер за внатрешни работи да изврши истрага, и да поднесе кривична пријава, затоа што има повторување на делото“