На страницата Евровизија Свет, која врз основа на коефициентите на 15-те најголеми светски обложувалници, го составува рангирањето на евровизиските натпреварувачи и на тој начин посочува која од нив има најголеми шанси за победа, хрватската претставничка Бејби Лазања во четвртокот вечерта поведе!
Букмејкерите предвидуваа дека Украина ќе победи на овогодинешниот Евросонг во Шведска, но само неколку дена по победата на Дора, Марко Пуришиќ веќе значително ја намали разликата, а во четвртокот направи победнички пресврт.
Имено, Baby Lasagna сега е прв фаворит за триумф на повеќето обложувалници кои нудат облог за победникот на Евровизија.
Веднаш штом објави видео на Јутјуб, уште пред Дора, обложувалниците го сместија на високото трето место, а таа позиција ја задржа и за време на викендот.
Прва цело време беше Украина со 18 или 19 проценти шанси за победа, а Италија имаше околу 9 проценти. Во текот на неделата Хрватска беше трета со околу 6 отсто, а потоа на Дора победи Бејби лазања.