Девојчето во Клиниката е донесено на 17 јануари, но иако моментов е во стабилна состојба, др. Чолакова вели дека за него се грижат повеќе специјалисти од клиниката и дека сеуште е потребно интензивно лекување и следење на состојбата.
Четиригодишно девојче од Струмица, во тешка здравствена состојба потхрането и премрзнато со гангренозни рани на дланките и стапалата и со бројни рани и скршеници по телото било донесено во Клиниката за детски болести во Скопје информира Директорката на клиниката Валентина Чолаковска, пренесува Канал 5.
Мајката тврдела дека скршениците настанале по напад од куче кој се случил две недели пред приемот во болницата. Девојчето во Клиниката е донесено на 17 јануари, но иако моментов е во стабилна состојба, др. Чолакова вели дека за него се грижат повеќе специјалисти од клиниката и дека сеуште е потребно интензивно лекување и следење на состојбата.
-Девојчето беше во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запозтавено, со гангренозни промени на прстите на дланките и стапалата од премрзнатини, се забележуваа и бројни рани по телото Има фрактури коишто се видоа на компјутерот направен кај него и кои што се најмалку 2 недели стари, а кои што мајката потврдува дека се направени во тек на напад од куче.
Под интензивна терапија е бидејки дојде во исклучително тешка состојба, со значајна потхранетост и бара големо вложување во секој поглед,- -Доц. Д-р Валентина Цвејоска Чолаковска.