Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнична посета кај претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова.
Претседателката на својот Фејсбук профил објави дека и годинава Бадниковата поворка донела радост и светлина, нагласувајќи дека децата, како најискрени гласници на верата и мирот, со своите песни за Божјата љубов го најавиле Христовото раѓање.
Таа посочи дека во духот на празникот ги дарувала децата со бадникови пакетчиња, а нивната ведрина, насмевки и хорско пеење, како што напиша, дополнително ја зацврстиле нејзината надеж за подобро утре.
На крајот, Силјановска-Давкова истакна дека со срца исполнети со љубов си посакале среќен Божиќ и си ветиле дека и понатаму ќе ја чуваат и негуваат вековната бадникова традиција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












