• Импресум
Friday, February 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Прилеп ја враќа музичката традиција: Дувачкиот оркестар повторно активен

06/02/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Прилеп ја враќа музичката традиција: Дувачкиот оркестар повторно активен

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина Прилеп, во согласност со можностите и програмските активности на новооформениот состав.

Првиот јавен настап на возобновениот Прилепски дувачки оркестар ќе биде во рамки на карневалот „Прочка 2026“, додека програмата на оркестарот ќе се темели на оригиналност и разновидност.

Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп, присуствуваше на првата проба на возобновениот оркестар и истакна дека Прилеп континуирано инвестира во културата и во зачувувањето на локалниот културен идентитет. Притоа, тој истакна големо задоволство на фактот што по десетгодишен прекин, Градскиот дувачки оркестар повторно е активен и ќе биде составен од млади, професионални и талентирани музичари од Прилеп, кои продолжуваат традиција подолга од еден век.

Прилепскиот дувачки оркестар привремено ќе ги одржува своите проби во просториите на ООУ „Блаже Конески“, а во моментов брои 14 академски образовани млади музичари од Прилеп. Како дел од идни активности, во репертоарот на оркестарот се вбројуваат учество на градските празници, свечености и културни манифестации.

Градот Прилеп, со повеќе прекини низ годините, последен пат имал активен градски дувачки оркестар до 2015 година, иако традицијата на вакви оркестри е децениска. Првиот прилепски дувачки оркестар бил формиран во 1924 година, а во 1930 година бил основан првиот поголем оркестар од околу 20 членови, составен од лимено-дувачки инструменти, формиран од железничарите и железницата, под диригентство на Ѓорѓи Шабаноски – Шабанче.

Во подоцнежниот период, со одредени прекини, градскиот дувачки оркестар функционирал сè до 2015 година, при што значаен придонес во развојот и зачувувањето на оваа традиција дал Илија Јанчулески, кој со генерации музичари ја одржувал оваа културна вредност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се менува и се прилагодува на новите предизвици
Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се менува и се прилагодува на новите предизвици

06/02/2026
Ковачки: Пратениците на СДС и ДУИ не го изгласаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите
Вести

Драган Ковачки ја презема функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

06/02/2026
Познат е распоредот за четвртфиналните дуели од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“
Вести

Познат е распоредот за четвртфиналните дуели од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

06/02/2026
Проданоски: Љубиша Јованоски именуван за нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп
Вести

Проданоски: Љубиша Јованоски именуван за нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

06/02/2026
Концерт на националниот џез оркестар во НОБ на 19-ти февруари
Вести

Концерт на националниот џез оркестар во НОБ на 19-ти февруари

06/02/2026
Голема полициска акција во штипско, запленета дрога вредна половина милион евра
Вести

26-годишник од Зелениково бил нападнат од двајца малолетници со тврд предмет

06/02/2026
Следна вест
Познат е распоредот за четвртфиналните дуели од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Познат е распоредот за четвртфиналните дуели од Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“

Најнови вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се менува и се прилагодува на новите предизвици

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се менува и се прилагодува на новите предизвици

06/02/2026
Ковачки: Пратениците на СДС и ДУИ не го изгласаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите

Драган Ковачки ја презема функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

06/02/2026
Познат е распоредот за четвртфиналните дуели од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Познат е распоредот за четвртфиналните дуели од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

06/02/2026
Прилеп ја враќа музичката традиција: Дувачкиот оркестар повторно активен

Прилеп ја враќа музичката традиција: Дувачкиот оркестар повторно активен

06/02/2026
Проданоски: Љубиша Јованоски именуван за нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

Проданоски: Љубиша Јованоски именуван за нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

06/02/2026
Концерт на националниот џез оркестар во НОБ на 19-ти февруари

Концерт на националниот џез оркестар во НОБ на 19-ти февруари

06/02/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.