На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж кој почина на лице место.
„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот.
По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“ соопшти МВР.







