Основното државно обвинителство во Подгорица определи 72-часовен притвор за српскиот државјанин Е.Х. и македонскиот државјанин Б.С., поради сомнение дека во текот на ноември извршиле повеќе тешки кражби со провала во угостителски, трговски и други деловни објекти на територијата на Подгорица.
Според обвинителството, постои сомнение дека Е.Х. влегувал во објектите и присвојувал пари, додека Б.С. ја обезбедувал околината. По извршените кражби, двајцата ја делеле противправно стекнатата имотна корист.
ОДТ дополнително соопшти дека против Е.Х. се води постапка и за фалсификување исправа. При апсењето, тој поседувал важечки лични документи од Србија, но и сомнителни странски документи, а било утврдено и дека по него е распишана меѓународна потерница. Двајцата се приведени поради опасност од бегство.












