• Импресум
Thursday, January 1, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Прва Скопска ТВ потсетува кои 10 работи го одбележаа Скопје во 2025 година

01/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
И после скопјани за сите други ќе кажат дека се провинцијалци

Екстремно загадување на воздухот

Зимата повторно го врати Скопје на мапата на најзагадени европски градови кога е во прашање воздухот. Отровниот воздух го поклопи главниот град. Скопјани живееја со погледи во апликации за загаденост, со маски и препораки за „да не се излегува надвор”. Имаше неколку краткорочни мерки од страна на институциите, а се чека конечно да има и долгорочни мерки против загадувањето, пренесува Прва Скопска ТВ.

Локални избори, Скопје доби нов градоначалник

Локалните избори при крајот на 2025 година го размрдаа политичкиот живот во Скопје. Кампањата беше полна со ветувања и меѓупартиски подметнувања. Главна тема беше распосланото ѓубре и глувците по улиците. Скопјани го избраа за градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Старо – нови градоначалници добија и општините во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ победи во повеќето од нив, а и има мнозинство во советите.

Големи пожари на депонии, во стовариште…

Во 2025 година, неколку големи пожари ги вознемируваа граѓаните. Гореше неколку пати депонијата „Дрисла”, а и одамна затворената депонија „Вардариште”. Загадувањето од таму беше повод за чести протести. Гореше и во Визбегово, но сепак најзастрашувачки снимки и фотографии пристигнуваат од скопското село Трубарево, каде беснееше огромен пожар кој избувна во објект каде се чувал електронски отпад. Последиците од тоа се чуствуваа долго во градот.

Криза со јавниот превоз

Јавниот превоз во Скопје во голем дело од 2025 година ја достигна својата критична точка. И покрај ветувањата од градоначалничката Арсовска, имаше често недостиг на автобуси и редуцираните линии. Војната со приватните превозници и лошата организација го направија секојдневното движење на граѓаните вистинска борба. Наместо реформа, доминираа политички судири околу управувањето со ЈСП, а во меќувреме многу автобиси плачеа за ремонт.

„Сејф сити” и сообраќајниот хаос полн со збеснати возачи

Сообраќајната некултура во Скопје си живееше скоро нереметено низ 2025 година се додека не се воведе пробниот поериод од „Сејф сити”. И потоа за еден ден стасаа илјадници опомени за брзо возење и поминување на црвено. По тој првичен шок малку како да се поправи сообраќајната некултура. Хаосот и честите застои се и поради многуте тесни сообраќајни грла во Скопје.

Бетонизација на скоро секое слободно парче земја

Градење зграда веднаш залепена до друга зграда си продолжи и оваа година во Скопје. Повеќе граѓански иницијативи и активисти упорно опоменуваа дека бетонизацијата на Скопје е отидена предалеку и се нарушуваат и она малкуте услови кои беа во Скопје за хумано живеење.
Спорните и набрзина донесените урбанистички планови остануваат проблем и за понатаму, а судирот меѓу јавниот интерес и инвеститорската логика поткрепена со општинарската останува една од централните урбани теми.

Продлабочена политичка конфронтација

Голем дел од годината го одбележуваше и лошиот однос меѓу Град Скопје односно претходната градоначалничка и централната власт.
Политичките пресметки доведоа до блокади, одложени одлуки и институционален застој. Судирот се префрли и во Советот на Град Скопје. Цената од сето тоа најчесто повторно ја платија граѓаните, иако тиа дебело плаќаат за да добијат пристоен град за живеење. Сега, и градоначалникот и централната власт се од една партија.

Сечење на зелените површини, слабо нивно обновување

Водно пред извесно време пушти неколку опоменителни свлечишта. Наместо дрвја на планината се садеше бетон. Сечењето дрвја и урбаното „чистење” често продолжуваа без соодветна компензација со нови зелени појаси. Зеленилото стана жртва на градежниот апетит и ад-хок урбанистички решенија. Нови паркови се правеа, но не се доволни. На местата на исушените дрвца ретко се засадуваа нови.

Проблеми со хигиената и отпадот

Дивите депонии и натрупаниот отпад не беа слика само од пред изборите во Скопје. Во помал обем главниот град цела 2025 година си имаше мака со ѓубрето. Јавните претпријатија покажаа ограничен капацитет да се справат со проблемот, а некогаш и беше дел од проблемот. Едноставно, хигиената од комунално прашање прерасна во прашање на јавно здравје и достоинство во Скопје.

Младински олимписки фестивал

Скопје беше домаќин на најголемиот младински спортски настан во својата историја – Европскиот младински олимписки фестивал. Со учество на повеќе од 4000 млади спортисти од многу европски земји, олимпијадата во јули го претвори главниот град во центар на спортот и младинската енергија. Имаше повеќе забелешки околу начинот на организирање и реализирање на настанот, но сепак младинскиот спортски настан го раздвижи Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна зимата
Вести

Студен почеток на Новата година, потоа постепено затоплување

01/01/2026
Новата година пречекана на плоштадот „Македонија“ со присуство на премиерот
Вести

Новата година пречекана на плоштадот „Македонија“ со присуство на премиерот

01/01/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар
Вести

Пред да заспиете по Нова година, не го прескокнувајте овој чекор

31/12/2025
Нови информации за здравјето на Кадиров: Итна интервенција во Москва
Вести

Нови информации за здравјето на Кадиров: Итна интервенција во Москва

31/12/2025
Руските сили напредуваат во нов украински регион
Вести

По евентуален прекин на огнот: Европа подготвува воена мисија за надзор во Украина

31/12/2025
Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници
Вести

Доцни вечери, алкохол и пиротехника: ИЈЗ со важни совети за безбедни празници

31/12/2025
Следна вест
Започна зимата

Студен почеток на Новата година, потоа постепено затоплување

Најнови вести

Започна зимата

Студен почеток на Новата година, потоа постепено затоплување

01/01/2026
И после скопјани за сите други ќе кажат дека се провинцијалци

Прва Скопска ТВ потсетува кои 10 работи го одбележаа Скопје во 2025 година

01/01/2026
Новата година пречекана на плоштадот „Македонија“ со присуство на премиерот

Новата година пречекана на плоштадот „Македонија“ со присуство на премиерот

01/01/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар

Пред да заспиете по Нова година, не го прескокнувајте овој чекор

31/12/2025
Нови информации за здравјето на Кадиров: Итна интервенција во Москва

Нови информации за здравјето на Кадиров: Итна интервенција во Москва

31/12/2025
Руските сили напредуваат во нов украински регион

По евентуален прекин на огнот: Европа подготвува воена мисија за надзор во Украина

31/12/2025
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.