Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, вечерва беше гостин во емисијата „Топ стори“, каде што рече дека премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во внатрешните работи на Албанците во Македонија.
„Сум кажал и повторувам. Еди Рама како премиер на Албанија многу отворено разговараше во Брисел за членството на Албанија во ЕУ, гласен беше Еди.
Еди Рама не се мешаше во внатрешните работи на политичкото тело во Македонија, се обиде да ги зближи партиите во Македонија, благодарен сум и благодарен за ваквиот пристап, не изразивме патриотизам, ниту емотивен, ниту патриотски, ние се договоривме со „Социјалдемократска партија му дадовме поддршка на Пендаровски, театар може да игра, но знаеме дека на крајот нема победник“, рече Ахмети.