• Импресум
Friday, October 17, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Првиот сосед на Тошe Проески откри што му рекол музичарот само неколку часа пред неговата смрт: „Не можевме да веруваме“

16/10/2025
A A
Првиот сосед на Тошe Проески откри што му рекол музичарот само неколку часа пред неговата смрт: „Не можевме да веруваме“

Тоше Проески беше еден од најомилените личности и пејачи на целиот Балкан, а тагата кај неговото семејство, колегите и публиката не стивнува и неколку години по неговата смрт.

Новинарската екипа на српската емисија „Блиц дан“ го посети родното место на легендарниот пејач. Бидејќи не успеале да најдат некој од неговото семејство, тие разговарале со првиот сосед.

„Многу ни недостасува, беше голем човек со големо срце. Се сеќавам на него кога беше мал, а потоа порасна во вистински добар човек. Го видов седум часа пред да умре, разговаравме речиси два часа.

Ми кажа дека гостувал на телевизија и дека после тоа ќе оди во Загреб. По телефон им јавиле на неговите родители дека починал. Не можевме да веруваме и сѐ уште не веруваме… Неговите родители се физички истрошени, не им е добро. Тагуваше цел народ, цел Балкан…“, рекол соседот.

Во сообраќајна несреќа во 2007 година трагично загина легендарниот пејач Тоше Проески. Пејачот го даде своето последно интервју само неколку часа пред неговата трагична смрт.

Иако сите го паметиме по неговата насмевка и ведриот дух, Тоше тој ден беше очигледно нерасположен и за прв пат изјави дека му е доста од популарноста и дека тешко се носи со славата. Потоа изјави дека би сакал да се повлече од јавноста, што ги изненади сите.

„Сакам, но не можам. Машината ме стави како што велат во барабан и толку. Нема враќање назад. Барам закрепнување од секојдневните интервјуа, шминка, бришење шминка, пакување.

Патувања во Загреб, па назад, патување во Австралија… Тоа е сè што имам“, изјави своевремено Тоше и додаде: „Грешам, како и секој нормален човек, секој ден. Не сум безгрешен, светец или ангел, далеку сум од тоа, но далеку сум и од грдите приказни што ми се припишуваат откако сум славен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност
Вести

Мицкоски: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е достоинствена и насочена кон решенија, СДСМ води црна кампања

16/10/2025
Две повредени жени во сообраќајка на булевар „Илинденска“ во Тетово
Вести

Дете настрада во сообраќајка – се судрил со повозрасен возач

16/10/2025
ОВОЈ СТРАШЕН ГРЕВ СИТЕ ГО ПРАВИМЕ КОГА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА: ЦРКВАТА НЕ ГО ОДОБРУВА ЗАТОА ШТО Е СТРАШНО!
Вести

ОВОЈ СТРАШЕН ГРЕВ СИТЕ ГО ПРАВИМЕ КОГА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА: ЦРКВАТА НЕ ГО ОДОБРУВА ЗАТОА ШТО Е СТРАШНО!

16/10/2025
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок
Вести

Ужасна вест: Маж претепан и фрлен во дупка

16/10/2025
ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНО ВИДЕО: Првите сведоци на лице место откако загина Тоше
Вести

ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНО ВИДЕО: Првите сведоци на лице место откако загина Тоше

16/10/2025
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

16/10/2025
Следна вест
ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНО ВИДЕО: Првите сведоци на лице место откако загина Тоше

ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНО ВИДЕО: Првите сведоци на лице место откако загина Тоше

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.