Македонија и Турција ја унапредуваат соработката во областа на образованието преку нов договор потпишан од министрите за образование и наука на двете земји, Весна Јаневска и Јусуф Текин. Со договорот е предвидена соработка и размена на информации и научни публикации во сферата на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на размена на академици, образовни експерти, наставници и ученици од средно образование.
Посебен акцент е ставен на размена на искуства во средното образование, со фокус на стручното образование, обуката и квалификациите на наставниците, доживотното учење, како и организирање програми за обука и реализација на заеднички проекти. Договорена е и соработка во делот на новите образовни технологии, како и при подготовка и унапредување на наставните планови и програми.
Со договорот се овозможува учениците да учествуваат на научни и културни натпревари што се одржуваат во двете земји, се промовира развој на заеднички образовни програми и се поттикнува збратимување на училишта.
Дополнително, предвидено е како изборни предмети да се изучуваат „Јазикот и културата на Турците“ во Македонија и „Јазикот и културата на Македонците“ во Турција. Договорот опфаќа и меѓусебно стипендирање на средношколци, а за неговото спроведување ќе се грижи заедничка работна група.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












