Во воз на железничката станица во Париз, Гар ду Норд е украдена торба со компјутер и две УСБ, а му припаѓала на инженер вработен во Градското собрание на Париз, 56-годишен маж кој ја ставил во багажниот простор над седиштето во возот, објави Франс24.
Крадецот е маж роден 2001 година, а вчера се појавил пред судот во француската престолнина.
Кражбата предизвика загриженост откако полициски извор открил што имало внатре во чантата.
Но, париското обвинителство подоцна соопшти дека УСБ „содржело информации само за јавниот превоз во Париз за време на Олимпијадата, а не чувствителни безбедносни информации“, како што првично се мислело.
Осомничениот ѝ е „од претходно познат“ на полицијата за кражби во јавен превоз.
Ќе биде сослушан и градскиот функционер бидејќи треба да се утврди дали со носењето на УСБ-то ги прекршил правилата за внатрешна безбедност, се вели во соопштението за печатот од градското собрание на Париз.
За време на Олимписките игри во периодот од 26 јули до 11 август секојдневно ќе дежураат околу 35.000 лица од обезбедувањето, меѓу кои и две илјади агенти.