• Импресум
Sunday, November 16, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи (ВИДЕО)

06/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи (ВИДЕО)

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на природни катастрофи или воени конфликти, туку резултат на нашата култура, менталитет и однесување во сообраќајот. Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење, соопштија од МВР.

Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн. Апелираме до граѓаните: оставете го мобилниот телефон додека управувате со возилото, не возете со брзина поголема од дозволената, не седнувајте зад воланот доколку сте конзумирале алкохол. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот.

Апелираме до родителите: не им дозволувајте на вашите деца да управуваат било какво превозно средство без соодветна обука и дозвола. Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите и целокупниот воспитно-образовен процес.

Затоа уште еднаш, со најголема одговорност апелираме до сите учесници во сообраќајот, бидете совесни, внимателни и дисциплинирани. Една непромислена одлука – возење со мобилен телефон во рака или со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол – може да го одземе вашиот или нечиј друг живот.

Нема ништо поважно од човечкиот живот. Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата и контролите, туку пред сè од секој поединец зад воланот.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач. Почитувајте ги правилата, намалете ја брзината и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФФМ доби парична казна за исвиркувањето на бугарската химна
Вести

За прв пат во историјата, на едно коло пред крајот на квалификациите – Македонија во игра за првото место во групната фаза

15/11/2025
Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП
Вести

Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП

15/11/2025
Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж
Вести

Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж

15/11/2025
Велс победи само минимално, Македонија и со реми во Кардиф ќе биде во предност
Вести

Велс победи само минимално, Македонија и со реми во Кардиф ќе биде во предност

15/11/2025
Ново финале Алкараз – Синер
Спорт

Ново финале Алкараз – Синер

15/11/2025
ЗНМ: Партиските тензии кон новинарите се непотребни, Ковачевски да не бара вина кај новинарите
Вести

Здружението на новинари поднесе пријава до МВР за малициозен онлајн напад врз профилите на „Слободен печат“

15/11/2025
Следна вест
Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме

Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.