Француските медиуми објавија дека сопствениците на барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана, каде што на новогодишната ноќ изби смртоносниот пожар, се живи. Станува збор за брачната двојка Џесика Морети и Жак Морети, кои потекнуваат од Корзика.
Според повеќе француски онлајн медиуми, Морети го презеле угостителскиот објект во 2015 година и со текот на времето го претвориле во едно од најпознатите места за ноќен живот во зимскиот туристички центар. Покрај барот „Le Constellation“, тие управуваат и со ресторанот „Le Vieux Chalet“ во Ленс.
Семеен пријател за корзиканскиот весник Corse-Matin потврдил дека сопствениците се живи. Според истите информации, во моментот кога избувнал пожарот во објектот се наоѓала само Џесика Морети, која наводно се здобила со изгореници на раката.
Досега ниту еден медиум немал директен контакт со сопствениците. Еден од вработените во барот изјавил дека персоналот се наоѓа во состојба на длабок шок.
„Изгубивме дел од нашите колеги. Во моментов е премногу тешко да се зборува за тоа што се случи“, изјавил вработениот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










