Скопјани на вчерашните локални избори одредија кој за кратко време ќе седне на градоначалничката фотелја. Неизвесно е само дали при тоа Орце Ѓорѓиевски ќе биде дочекан на влезот во канцеларијата од досегашната градоначалничка Данела Арсовска. Таа би требало да му ја предаде функцијата и да му објасни кои проекти се почнати и треба да се продолжат.
А има ли поголеми проекти кои се започнати со реализација? И што всушност доби Скопје за време на мандатот на Арсовска?
Таа пред 4 години вети: 5 нови мега-паркови, 5 нови булевари, Универзална сала, 250 нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз, најдобар Луна парк на Балканот, жичарница од Скопје до Средно Водно и други крупни проекти.
Речиси ништо од тоа не стана реалност, а наместо тоа сега градот е преплавен со ѓубре. Сепак Скопје може да здивне, мандатот на Арсовска завршува. Што пак ќе донесе Ѓорѓиевски во наредните 4 години ќе се покаже наскоро оти вети фуриозен почеток.







