Финалето во сноубординг во слоупстајл за жени на Зимски олимписки игри 2026 е одложено поради обилни снежни врнежи и намалена видливост на патеките, соопштија организаторите.
Поради лошите временски услови, одложени се и квалификациите во скијање слободен стил за мажи и жени.
Вчеравечер, исто така поради обилни врнежи од снег, беше откажана и последната серија од натпреварот во скијачки скокови – мажи супер тим.
Зимските олимписки игри во Италија се одржуваат од 6 до 22 февруари, а организаторите најавуваат дополнителни информации за новите термини на одложените натпревари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












