Денес во посета на општина Гази Баба е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого заедно промовиравме два проекти. Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост до 1.200 килограми, кој што ќе биде наменет за подобрување на состојбата со комунален отпад и комуналната хигиена на територија на општина Гази Баба, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Второто возило е вакуумска цистерна која што ќе биде наменета за решавање на проблемите на граѓаните кои што ги имаат околу фекалните канализации. И третото возило е камионет кој што исто така ќе биде наменет за решавање на проблемите на граѓаните кои што ги имаат околу водоводните системи, каптажите и фекалните канализациони системи, особено во високите рурални средини. Вкупната инвестиција на набавката на механизација за јавното комунално претпријатие е девет милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба. И сметам дека со оваа набавка јавното комунално претпријатие доби соодветни ресурси со цел навистина да прерасне во вистински сервис на граѓаните. Вториот проект кој што го промовираме токму тука во населеното место Хиподром е изградба на нов спортско рекреативен комплекс кој што ќе се содржи од две мултифункционални игралишта. Првото мултифункционално игралиште односно спортски терен ќе биде наменет за одбојка и за кошарка, на соодветна подлога од тартан. А, вториот спортски терен ќе биде наменет за ракомет и мал фудбал, кој што ќе биде на специјализирана, гумирана гранулатна подлога. Исто така проектот предвидува комплетно осветлување на овој комплекс и изградба на ново детско катче, фитнес зона и комплетно хортикултурно уредување со патеки од павер елементи. Ова беше едно од кредитните барања на граѓаните на населеното Хиподром и сметам дека ќе добијат еден спортски центар во кој што ќе можат особено помладите да спортуваат, рекреираат и да се дружат тука. Како локална самоуправа и наредниот период продолжуваме со посветено и засилено темпо да работиме на реализација на капитални инвестиции. Од тука во оваа прилика сакам да најавам дека за многу кратко од денес започнуваме со изградба на нова училишна зграда во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто. Постапката ни е при крај, во делот на избор на изведувач на градежните работи јас убеден сум дека за неполн месец од сега ќе започнеме со изградба на ова основно училиште, истакна Стефковски.
Дополнително интензивно работиме на подготвување на документација за распишување на два поголеми капитални проекти, а тоа е изградба на детската градинка во Трубарево и изградба на детска градинка во Инџиково, вели Стефковски.