Новата година стартува со изразена зимска слика и ниски температури. Утрово низ земјава преовладува ведро и многу студено време, при што на одделни места се измерени и до минус 13 степени.
Во текот на денот се очекува претежно сончево време, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се искачуваат во интервал од минус 1 до 6 степени.
Во Скопје утрото е особено студено, со минимални температури околу минус 8 степени. Преку денот ќе има сончево време, проследено со умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне приближно 3 степени.
Во следните денови времето ќе остане студено. Во петок се најавува променливо облачно време, со минимални температури под нулата на целата територија. Во западните делови од земјата ќе има услови за повремени врнежи од снег.
Потоа следува период на постепено затоплување, со променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд, додека на планинските подрачја врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурите постепено ќе бележат пораст.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












