Коалицијата предводена од јапонската премиерка Санае Такаичи оствари убедлива изборна победа, обезбедувајќи двотретинско мнозинство во Долниот дом на парламентот. Со тоа се отвора патот за спроведување на најавените даночни намалувања и значително зголемување на воените трошоци, насочени кон спротивставување на растечкото влијание на Кина.
Либерално-демократската партија на Такаичи освои 316 од вкупно 465 пратенички места, што претставува еден од најсилните изборни резултати на партијата. Заедно со коалицискиот партнер, Партијата на јапонските иновации, владејачкиот блок располага со 352 пратеници, со што е обезбедено двотретинско мнозинство во парламентот.
Ваквиот распоред на политичките сили ѝ овозможува на владата полесно да ја спроведува својата законодавна агенда и да го надгласува Горниот дом, каде што нема обезбедено мнозинство.
Во телевизиско интервју по објавувањето на изборните резултати, Такаичи изјави дека изборите донеле значајни промени во економската, фискалната и безбедносната политика, кои предизвикале силни реакции во јавноста. Таа нагласи дека добиената поддршка од гласачите носи и обврска владата со целосна посветеност да се справи со клучните предизвици.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












