Русија се подготвува за целосно блокирање на апликацијата за пораки Телеграм од 1 април, објави телеграм-каналот „База“, додека регулаторното тело Роскомнадзор засега не ја потврдува, ниту ја демантира оваа информација, пренесува Украинска правда.
Според неофицијални извори, регулаторот планира целосно блокирање на апликацијата, слично на претходните забрани на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, кои се во сопственост на Мета и се означени како екстремистички во Русија. Доколку мерката стапи во сила, Телеграм би можел да престане да функционира на целата територија на земјата, и преку мобилен интернет и преку безжични мрежи.
Од Роскомнадзор кусо изјавија дека немаат дополнителни информации за ова прашање. Во меѓувреме, според весникот Комерсант, руските власти веќе ги засилиле мерките за ограничување на Телеграм од 10 февруари, при што е забележано значително забавување во обработката на барањата кон домените на сервисот.
Регулаторот најави дека ограничувањата може да продолжат доколку компанијата не ги постави своите сервери во Русија и не се усогласи со националното законодавство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












