Сообраќајна незгода со пад на возило во реката Радика е пријавена денеска попладне во близина на Манастир Св. Јован Бигорски.
Како што информира Центар за управување со кризи, пријавата до дежурниот центар Е-112 во Охрид била примена во 15:48 часот. Според првичните информации од пријавителот, возилото се движело со зголемена брзина, при што возачот изгубил контрола, возилото неколкупати се лизнало и се превртело, по што завршило во коритото на реката, на делницата по манастирот.
По добиената дојава, Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово воспоставил контакт со пријавителот и ги известил надлежните служби. Полициски службеници од Полициска станица Ростуше веднаш излегле на местото на настанот, заедно со командирот на станицата и полициска екипа.
Во интервенцијата се вклучила и Територијалната противпожарна единица Гостивар, која испратила екипа со две противпожарни возила и четворица пожарникари. На терен е излезена и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше.
Во моментов се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на околностите под кои дошло до сообраќајната незгода.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












