Tошковски: Граѓаните немаат 50 дена за менување на документите како што вели Џафери зашто избирачките списоци се затвораат на 18 март
Министерот за внатрешни работи посочува дека на 18 март се затвора избирачкиот список и доколку до тој ден во сила не стапи предложената законска измена според која граѓаните би можеле да гласаат со важечките пасоши со старото уставно име на државата, тогаш ќе им биде прекршено уште едно човеково право.
Според Тошковски, пак, оние 50 дена за кои говори Џафери во суштина и не постојат.
Министерот посочува дека на 18 март се затвора избирачкиот список и доколку до тој ден во сила не стапи предложената законска измена според која граѓаните би можеле да гласаат со важечките пасоши со старото уставно име на државата, тогаш ќе им биде прекршено уште едно човеково право.
„Прво човеково право кое им е прекршено на овие граѓани е правото на слободно движење, е сега второто човеково право се крши, а тоа е правото на глас. Се надевам дека како премиерот, така и останатите фактори во оваа држава, особено пратениците од СДСМ и од ДУИ, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соодветни законски измени со кои барем ова право да не им го кршиме фрапантна бројка од над 100 000 граѓани кои имаат важечка патна исправа согласно втиснат датум, а нема да може да го остварат своето право на глас зашто истите немаат важечка лична карта“,
изјави Тошковски прашан за коментар на вчерашната изјава на техничкиот премиер Талат Џафери.
Изјавата на првиот човек на МВР е во контекст на вчерашното излагање на техничкиот премиер Талат Џафери во кое тој кажа дека до изборите има уште 50 дена, а во текот на март граѓаните можат да поднесат барање и да се опремат со соодветни документи за да може да го искористат своето право на глас.
Џафери: Има уште 50 дена до изборите, граѓаните имаат време да поднесат барање и да се опремат со лични документи
Прашан дали се решава проблемот со подигнување на веќе изговените патни исправи – прашање за кое дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев рече дека ѝ наложил на внатрешната контрола во МВР да го испита, Тошковски одговара:
„Апсолутно (се решава н.з.) Видете, бројките не лажат. Политичарите лажат, ама бројките не лажат. Факт е дека бројките во однос на издавање на патни исправи се дуплирани од претходно. Еве, не ме држете за збор, отворете на мојата фејсбук-страница и видете ги бројките, да не испадне после дека министерот згрешил бројка. Но, отприлика бројките рапидно растат овој месец во споредба со претходниот. Сигурно се многу поголеми отколку претходно. Што значи тоа? Дека со реорганизација и со посветеност во рамки на работењето, со работење во интерес на граѓаните може да се зголемат бројките.“