Двегодишно дете е хоспитализирано во тешка состојба на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, откако се здобило со сериозна повреда предизвикана од огнено оружје. Детето е сместено на одделението за интензивна нега и се наоѓа во животозагрозувачка состојба.
Според првичните медицински наоди, станува збор за прострелна повреда во пределот на главата, при што лекарите утврдиле присуство на метален фрагмент. Засега не е јасно под какви околности настанала повредата, а надлежните институции анализираат повеќе можни сценарија.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека случајот активно се истражува. Тој изјави дека станува збор за исклучително сериозна повреда кај двегодишно дете и дека во овој момент не може со сигурност да се прецизира како дошло до инцидентот.
„Се работи за метален фрагмент, но сè уште не можеме да кажеме на кој начин е предизвикана повредата. Постојат повеќе теории и штом ќе се утврдат точните причини, јавноста ќе биде навремено информирана“, изјави Тошковски.
За инцидентот засега не се соопштуваат детали за местото и конкретните околности под кои настанал, ниту лични податоци за детето, со цел заштита на истрагата и приватноста.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












