Заврши истрагата за огромниот пожар во Визбегово, обвинети се три физички и едно правно лице. Имено, тројца сопственици и управители на фирма ќе одговараат за сериозно загадување во скопско Визбегово, откако обвинителството поднесе обвинение поради незаконско складирање опасен отпад што доведе до голем пожар и масовно загадување на воздухот во скопскиот регион.
Обвинетите без дозвола складирале опасен отпад на парцела во Визбегово. Станува збор за материјали со експлозивни, запаливи и токсични својства, како и супстанции што можат да бидат канцерогени и штетни за животната средина.
На 9 јули 2025 година на локацијата избувна пожар кој, поради обемот стана опасен за голема територија. Мерењата на надлежните служби потврдија значително загадување.
Обвинителството наведува дека со ваквите постапки била создадена сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












