Околу 15:30 часот на бројот за итни повици 112 била примена пријава за паднато дрво во близина на СЕПУГС „Васил Антевски“ на улицата „Вера Јосиќ“ во скопската општина Кисела Вода.
Според првичните информации, дрвото паднало врз три паркирани возила, при што е причинета материјална штета. Во моментот, паднатото стебло го попречува сообраќајот на улицата.
Од терен се чувствува мирис на изгорен кабел, но засега нема информации за појава на активен чад. За настанот, како што пренесе 4news.mk, се известени екипи од СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.
Од Министерство за внатрешни работи се очекува да извршат увид, додека екипите на јавното претпријатие треба да го отстранат дрвото и да овозможат нормализирање на сообраќајот.
Надлежните апелираат до возачите да се движат внимателно и да ги следат насоките на службените лица додека трае расчистувањето на теренот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












