Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во клучен дел од сезоната, започнувајќи го најважниот предизвик во новата година – баражот за пласман на Светското првенство 2026.
УЕФА ја потврди официјалната саатница за полуфиналниот натпревар против Данска, кој ќе се одигра на 26 март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, со почеток во 20:45 часот.
Доколку македонската селекција извојува победа на гостувањето во Данска, во финалниот меч ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Ирска и Чешка.
Финалето ќе го даде одговорот кој од овие четири национални тима ќе обезбеди пласман на Мундијалот во 2026 година, кој за првпат во историјата ќе се одржи во три земји – САД, Канада и Мексико.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







