Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи актуелниот министер за дигитална трансформација, Михаило Федоров, да ја преземе функцијата министер за одбрана на Украина.
Во своето вечерно обраќање, Зеленски истакна дека Федоров е длабоко вклучен во прашањата поврзани со беспилотните летала, како и дека покажал висока ефикасност во дигитализацијата на јавните услуги и државните процеси, пренесува УНИАН.
Тој најави и дека во наредниот период ќе биде соопштено името на новиот шеф на Украинската служба за надворешно разузнавање.
„Денес започна значително внатрешно ресетирање – промени насочени кон тоа Украина да стане поотпорна. Во изминатата година државните институции покажаа и добри резултати што треба да се зајакнат, но и проблеми што не смеат да се пренесат во новата година“, порача Зеленски.
Претседателот денеска ги потпиша и указите за назначување на Кирил Буданов за шеф на Кабинетот на претседателот и на Олег Ивашченко за шеф на Службата за државна безбедност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












