Македонија, но и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 18 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Впрочем, на легендарниот Тоше се сеќаваме секој ден во сите овие изминати години. Неговите песни уште со истата силина не греат и прават горди дека Тоше беше дел од нас.
Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но за жал албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран.
Тој музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест” во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Македонија на Евровизија
Објави седум албуми, а последноот – „Игри без граници” беше промовиран две недели пред несреќата, на последниот концерт што го одржа на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион, кој денес го носи неговото име.