Во Скопје утре од 10 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка.
Од Министерство за внатрешни работи на Македонија информираат дека трката на 10 километри ќе започне во 10:00 часот, а трасата ќе се одвива од Средно Водно по регионалниот пат Р2138 до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон и назад.
За време на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, при што истиот ќе биде пренасочуван по околните улици.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници на местата каде што ќе се одвива трката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











