Ѓубрето и денеска е главната слика од Скопје. Ако и понатака вака биде игнориран проблемот од надлежните, сметот целосно ќе ги покрие улиците, па скопјани не ќе може ниту да го заобиколуваат туку ќе мора да одат по него.
Состојбата е алармантна. Особено што се поочигледно е дека градската управа и ЈП „Комунална хигиена” не се ни трудат нешто посебно за да се подиспразнат одамна прелеаните контејнери.
Ова почнува да биде опасно и по здравјето на скопјани. Ако градоначалничката и претпријатието не си ја вршат работата, мора да реагираат другите институции, па дури и Владата, напишал скопјанец на социјалните мрежи.
Ова не ли е веќе кризна состојба во Скопје? Зошто не се прогласи како таква и централните институции да преземат акции ситуацијата да се санира, прашува друг скопјанец.
Инаку скопјани очекуваат и поголема акција од самите општини иако тоа не им е во описот на работни задачи. Сега е време – невреме, мора да си ги подзачистат општините инаку од ѓубре не ќе може да ги видиме и високите билборди на кандидатите за градоначалници.