• Импресум
Wednesday, October 15, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни

14/10/2025
A A
Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во емисијата „На кавга со Иван“ изјави дека не ја проверувала сопственоста на телевизијата, за која Бојан Јовановски – Боки 13 се претставувал како сопственик, бидејќи немала причина да го стори тоа пред почетокот на постапките за случаите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, пренесува Слободен печат.

— Имаше билброди за таа телевизија. Што правеше полицијата тогаш, ние сме орган за прогон, не сме орган за откривање на кривични дела. Некој треба да го открие кривичното дело за да ние реагираме — рече Русковска.

За Бојан Јовановски – Боки 13, Вилма Русковска изјави дека не се движеле во исти кругови, но дека повремено го гледала во кафулиња, каде секој седел одделно со различно друштво.

Говорејќи за случајот „Меѓународен сојуз“, таа објасни дека адвокатите побарале нивен вештак да го прегледа телефонот на Јовановски, што судијата го дозволил, но со предупредување дека материјалите може да се користат исклучиво за судски цели. Според Русковска, Бојан ја злоупотребил оваа можност, па дури и во некои поткасти биле прикажувани наводни пораки телефонот, кои, како што вели, биле целосно неточни.

Во однос на парите од случајот „Рекет“, таа додаде дека снимката која беше објавена никогаш не била оспорена – ниту од обвинителството, ниту од одбраната.

— Оштетениот Јордан Камчев донесе дискови кои беа вештачени во полиција и не може тоа да се побие никако. Снимките ги има до возилото. По вештачењето на телефонот на Боки, парите беа на една фотелја наредени, во домот на неговите родители. Имавме точно локација и време по вештачењето на телефонот. Тогаш се гледаат во домот на неговите родители, по што им се губи трагата — рече Русковска.

Таа посочи дека Бојан Јовановски, чија казна затвор беше прекината за лекување, летово бил на летување во Турција, а подготвува и песни и други манифестации во моментов, пренесува Слободен печат..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок
Вести

Сакал да ги тепа: Маж нападнал полицајци при контрола на возило

15/10/2025
Исчезна жена во Македонија – започна голема потрага, се вклучуваат и дронови
Вести

Исчезна жена во Македонија – започна голема потрага, се вклучуваат и дронови

15/10/2025
Бранко Црвеноквски на вечера со градоначалник и пратеник од ВМРО – ДПМНЕ
Вести

Бранко Црвеноквски на вечера со градоначалник и пратеник од ВМРО – ДПМНЕ

15/10/2025
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во Грција
Вести

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција

14/10/2025
Трагедија го потресе Скопје: Млад маж пронајден мртов – детали соопшти МВР
Вести

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на експресниот пат Штип-Велес

14/10/2025
Две повредени жени во сообраќајка на булевар „Илинденска“ во Тетово
Вести

Тешка сообраќајна несреќа – три лица пренесени во болница

14/10/2025
Следна вест
Почна регионалниот онлајн саем за вработување , компании од Србија нудат 450 работни места

Почна регионалниот онлајн саем за вработување , компании од Србија нудат 450 работни места

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.