ВМРО-ДПМНЕ оцени дека обвинувањата на СДСМ против директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, се политички конструкции и не содржат ниту еден конкретен доказ за било каков прекршок.
Од партијата потенцираат дека Томовски нема никаква поврзаност со јавните набавки. „Факт е дека тој нема надлежност, не учествува во постапки за јавни набавки и нема никаква службена одлука што може да се поврзе со тендери. Тоа е проверлива и јасна фактичка состојба“, се наведува во нивното соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека кога нема факти, опозицијата се обидува да создаде лажен скандал преку интерпретации и дезинформации, но таквите стратегии веќе не поминуваат кај граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






