Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски.
Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС.
Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев.
За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче.
Се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите, забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.
И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти и вили заедно со Филипче и Заев.
Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






