Во првиот месец од примената на полицискиот системот „Сејф сити” се виде дека работите во сообраќајот се движат кон подобро. Но, работи ли секогаш системот соодветно, има ли недоречености и грешки?
За овој месец до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 476 приговори за поведување прекршочна постапка, 431 од правни лица и 45 од физички лица. По нив постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци.
До овој момент судот нема донесено правосилна одлука по сообраќајните прекршоци евидентирани преку системот „Безбеден град”, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор, стои во соопштението од таму.
Најголем дел од приговорите се однесуваат на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило. Како најзначајни предизвици се издвојуваат приговорите поднесени од лизинг компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и приговорите од граѓани кои претходно ги отуѓиле своите возила, но не ги одјавиле во МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












