Шведскиот синџир супермаркети „Coop“ отвори продавница без продавачи и касиери во која потрошувачите можат со апликација од моиблен да купуваат, но и да ја отворат вратата на продавницата ако таа е затворена во тој момент. Продавницата работи 24 часа секој ден во неделата.
Компанијата направила апликација преку која потрошувачите сами ги скенираат купените производи и ги плаќаат.
Инвестицијата во маркети без касиери и продавачи има многу потенцијал. Ние им овозможуваме на потрошувачите да ја посетат продавницата, без разлика колку е часот. Истовремено, овие продавници се одлични во сезоната на празници кога никој не работи – велат од компанијата.
Ова значи дека целиот систем на работа се потпира на доверба помеѓу маркетот и потрошувачите.
Се оценува дека ваквиот вид на продавница е многу подобна за време на пандемијата.