Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -8 до 0 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 0 и 6 степени, информира Управа за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност и слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -4 степени, а дневната ќе достигне до 4 степени.
Во текот на утрешниот ден времето ќе биде стабилно и суво, со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, како и во текот на ноќта и во среда, се очекуваат повремени врнежи, претежно од снег.
Од четврток следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините ќе има услови за појава на магла.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












