Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од почетокот на следната недела следува промена на времето.
Во понеделник се очекува зголемување на облачноста, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој локално ќе надмине брзина од 60 km/h. Дневните температури ќе останат без поголеми промени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







