• Импресум
Saturday, March 14, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Заврши 54-тата седница на Владата – ова се новите одлуки

17/03/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Заврши 54-тата седница на Владата – ова се новите одлуки

На денешната 54-та седница Владата ја усвои информацијата на Министерството за финансии за реформа во насока на унапредување на процесот за фискална децентрализација.

Реформата на фискалната децентрализација се состои од низа мерки и активности кои се содржани во три столба – подобрување на фискалниот капацитет на општините, домаќинско работење и отплата и репрограмирање на долгови, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за проектот за дигитализација на конзуларните услуги во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство.

Дигитализацијата на конзуларните услуги во странство (Е-конзулат) се наметна како неопходна потреба заради модернизирање на работата на ДКП-ата, а со крајна цел овозможување на брзи, ефикасни и економски исплатливи услуги на нашите граѓани во странство, што особено дојде до израз за време на кризата.

Е-конзулат предвидува дигитализaција на конзуларните услуги кои се даваат во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, почнувајќи од постапката за аплицирање, он-лајн плаќање, како и добивање на документите лично или по пошта. Со оваа платформа на македонските државјани кои живеат во странство ќе им се овозможи да дојдат до конзуларни услуги на полесен начин и за пократок временски период.

На денешната седница Владата го потврди заклучокот на штабот за дополнување на исклучоците од забраната за движење, со што странските државјани што имаат регулиран постојан престој во земјата и што влегуваат во земјата во период кога е активна забраната за движење, или кои излегле од земјата пред прогласувањето на ограничувањето на движењето, можат да се вратат во своите домови.

По одобрувањето на Комисијата за заразни болести, на денешната седница Владата го донесе Протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено
Вести

Жичницата на Водно времено стопирана, ЈСП најавува повторно пуштање наскоро

12/03/2026
Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит
Вести

Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

12/03/2026
Ужасна вест: Прегазено 4-годишно дете
Вести

Автомобил удрил во 4-годишник во Скопје, детето со тешки повреди

12/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Малолетник пријавил напад во Скопје – едниот напаѓач пукал со оружје

12/03/2026
Мајсторoт Лазаров има нешто да им каже на ракометарите, но и другите спортисти во Македонија
Вести

Македонија без Митревски против Австрија

12/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево
Вести

Трагедија во Скопје: Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар

12/03/2026
Следна вест
Метео анализа: Утре променливо облачно, студено и ветровито време

Метео анализа: Утре променливо облачно, студено и ветровито време

Најнови вести

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено

Жичницата на Водно времено стопирана, ЈСП најавува повторно пуштање наскоро

12/03/2026
Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

12/03/2026
Ужасна вест: Прегазено 4-годишно дете

Автомобил удрил во 4-годишник во Скопје, детето со тешки повреди

12/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Малолетник пријавил напад во Скопје – едниот напаѓач пукал со оружје

12/03/2026
Мајсторoт Лазаров има нешто да им каже на ракометарите, но и другите спортисти во Македонија

Македонија без Митревски против Австрија

12/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево

Трагедија во Скопје: Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар

12/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.