На социјалните мрежи се прошири тажна вест.
Почина младиот Бојан од Штип. Веста за големата загуба беше објавена на страницата Секојдневието Во Штип.
„Нашиот Бојан ја загуби битката…
Со тешко срце и неизмерна тага ја споделуваме веста дека по кратко и тешко боледување, згасна животот на нашиот Бојан …💔“, стои во објавата.
Пријателите и роднините испратија сочувство до семејството.
„Сочувство до семејството, нека Бог им даде сила да ја издржат болката. Нека му е светол патот кон царството небесно“
„Бог да го прости. Немаше државата 20000 евра да даде за да може да се излечи детето. Жално.“
„Ангелче убаво и мило, нека те однесе патото до царството на ангелите. Почивај во мир“, се дел од коментарите.