„Сите го посакувавме почетокот на реконструкцијата на улицата, ама сега се каеме и се разочаравме што сето ова почна“,вака реагираат аеродромци кои живеат во близина на ТЦ Бисер, поточно позади поранешниот Мекдоналдс и ресторанот Тренд, пренесува Прва Скопска ТВ.
Таму, повеќе од месец и половина пред локалните избори почнала реконструкција на дел од улица долг околу 300 метри која е и паркинг за преку 500 станови од тој дел на општината. Кампањата, а потоа и изборите завршија, ама улицата уште е затворена – се прави. Нема место за паркинг, не може да се вози кон ТЦ Бисер.
„Кружиме околу по 20 минути за да најдеме паркинг, вака не се реконструира улица во најгустиот дел од Аеродром,“ е една од реакциите на тамошните жители.
Инаку, етапно, дел по дел од коловозот се пушта во употреба, но тоа е преспоро, а и воедно е претворена во слепа улица која никаде не води. Аеродромци апелираат за побрзо завршување на работата и бараат од општината ако вака се работи и во иднина нека не се продолжува со реконструкцијата на улицата кај ТЦ Бисер и пазарот, оти таму гужвата е уште поголема и ќе се направи целосен хаос.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






