„Втор ден по ред во овој дел од Македонија носи убави вести – повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да создадеме услови за најмладите, за нашите деца. Наша определба е јасна про-семејна политика, која го вреднува брачниот живот и децата, затоа што тоа е иднината на државата и нацијата.
Оваа Влада ќе продолжи да промовира про-семејни вредности, кои ги сметаме за основа и темел на една нација и држава.
Покрај тоа што бројот на бесплатни ин витро процедури го зголемивме од три на шест, продолжуваме со отворање нови градинки и елиминирање на листите за чекање, согласно обврските од нашата програма. Вчера во Кочани беше отворена градинка за 114 деца, денес е надградбата на постојната градинка во Таринци, општина Карбинци, со капацитет за 50 деца. Утре ќе ја отвориме и новата градинка во Сопиште, продолжувајќи со реализација на плановите.
Дополнително, првоодделенците добија книги во кои семејството е прикажано како „мајка, татко, сестра, брат и јас“, со што јасно се дефинираат нашите политики.
Искрено им се заблагодарувам на градоначалникот, на министерот и заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и на советниците, администрацијата, пратениците од овој регион и директорката на градинката за нивниот ангажман и поддршка во реализацијата на овој проект.
Иднината се нашите деца, нашите најмили, и во таа насока ќе продолжиме да ги водиме нашите политики“, порача Владата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












