• Импресум
Monday, December 22, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

235 милијарди долари од царини: Белата куќа со нови бројки

22/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
235 милијарди долари од царини: Белата куќа со нови бројки

Белата куќа соопшти дека американското Министерство за финансии на САД од почетокот на годината собрало 235 милијарди долари приходи од царини.

Ова тврдење беше изнесено за време на божиќен пренос во живо на официјалниот Јутјуб-канал на Белата куќа, во кој наизменично се прикажуваше листа на, како што беа наречени, „победи на МАГА (MAGA) во 2025 година“, проследени со музика во позадина. На левата страна од поделениот екран се прикажуваа текстуални пораки со наводни успеси на администрацијата на Доналд Трамп, меѓу кои миграциската политика и борбата против кризата со фентанил, пренесе ДПА.

На десната страна од екранот беше прикажана анимирана верзија на Трамп како чита книга покрај божиќна елка.

Пријавениот износ од 235 милијарди долари е нешто повисок од бројките што претходно ги соопштуваше администрацијата. Минатата недела, Управа за царина и гранична заштита на САД соопшти дека од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари до 15 декември биле собрани нешто над 200 милијарди долари од царини.

И покрај тоа, приходите не ги исполнија првичните очекувања. Во јули, американскиот министер за финансии Скот Бесент прогнозираше дека до крајот на годината ќе бидат собрани околу 300 милијарди долари.

Во меѓувреме, Врховниот суд на САД ја разгледува законитоста на царините воведени од Трамп, односно дали тој имал право еднострано да ги воведе врз основа на законот за вонредни состојби од 1977 година, без одобрение од Конгресот. Пониските судови претходно ја блокираа оваа политика по тужбите поднесени од повеќе американски компании и сојузни држави.

По преземањето на функцијата, Трамп го користеше овој закон за воведување царини на стоки од повеќе земји, повикувајќи се на заканите од фентанил, илегалната миграција и трговскиот дефицит. Засега не е познато кога Врховниот суд ќе ја донесе конечната одлука, која, доколку биде негативна за Трамп, би можела да ги доведе во прашање постојните трговски договори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пореметен авиосообраќај во Скопје: доцнат летови од Истанбул, Париз и Дортмунд, еден целосно откажан
Вести

Маглата го парализира авиосообраќајот: 20 лета откажани во Скопје

22/12/2025
По оставката на Коцевски, се избира вршител на должност државен обвинител
Вести

По оставката на Коцевски, се избира вршител на должност државен обвинител

22/12/2025
Облачно со слаб ветер
Вести

УХМР: Стабилно време денеска, врнежи најавени во наредните денови

22/12/2025
Расчистена тешка кражба во Гостивар, приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
Вести

Расчистена тешка кражба во Гостивар, приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато

21/12/2025
Како да го зајакнете либидото?
Вести

Недела вечер: Совршен момент за романса и блискост

21/12/2025
Ол Стар Скопје 2025: „Македонија“ го освои дуелот со „Светот“
Спорт

Ол Стар Скопје 2025: „Македонија“ го освои дуелот со „Светот“

21/12/2025
Следна вест
По оставката на Коцевски, се избира вршител на должност државен обвинител

По оставката на Коцевски, се избира вршител на должност државен обвинител

Најнови вести

Пореметен авиосообраќај во Скопје: доцнат летови од Истанбул, Париз и Дортмунд, еден целосно откажан

Маглата го парализира авиосообраќајот: 20 лета откажани во Скопје

22/12/2025
По оставката на Коцевски, се избира вршител на должност државен обвинител

По оставката на Коцевски, се избира вршител на должност државен обвинител

22/12/2025
235 милијарди долари од царини: Белата куќа со нови бројки

235 милијарди долари од царини: Белата куќа со нови бројки

22/12/2025
Облачно со слаб ветер

УХМР: Стабилно време денеска, врнежи најавени во наредните денови

22/12/2025
Расчистена тешка кражба во Гостивар, приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато

Расчистена тешка кражба во Гостивар, приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато

21/12/2025
Како да го зајакнете либидото?

Недела вечер: Совршен момент за романса и блискост

21/12/2025
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.