Главниот настан на Ол старот, „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва се одржа во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. На теренот се сретнаа селекциите на „Македонија“ и „Светот“.
Играчите демонстрираа атрактивна кошарка, а фановите имаа можност да уживаат во најдобрите потези на играчите кои оваа сезона настапуваат во „МТЕЛ“ Супер лигата.
Победник на мечот беше тимот на „Македонија“, кој славеше со резултат 119:115.
На полувремето се одржаа и натпреварите во шутирање тројки и забивање.
Виктор Ефремовски се покажа како фаворит во натпреварот за тројки и го оправда тоа очекување, победувајќи во финалето против Џавон Грин од екипата на Маџари. Тој го освои признанието за најдобар тројкаџија на „Собирот на сите ѕвезди“.
Во натпреварот во забивање победи Рејмонд Самервил од екипата на ТФТ.
Најкорисен играч (МВП) на овој меч беше Виктор Ташовски од екипата на ТФТ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











