• Импресум
Sunday, May 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Црвени рози за маратонците во чест на Тоше во Крушево

16/10/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Црвени рози за маратонците во чест на Тоше во Крушево

Со црвени рози и многу сеќавања крушевчани денеска на пладне ќе ги пречекаат маратонците кои трчаат до Гумење во Крушево во чест на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Пред 16 години, на 16 октомври 2007 година Тоше го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска.

Маратонците своето трчање го почнаа во Нова Градишка. На пладне ќе пристинат и ќе се поклонат пред неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево. Низ улиците до Гумење, крушевчани ќе ги пречекаат со црвени рози. Тоа е традиција што ја воспоставија учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумоски – Борче“.

Спомен-куќата на Тоше на Гумење ги пречекува бројните посетители и фанови кои и годинава ги има од сите краишта.

-16 октомври е ден кој носи многу тага, солзи и неверување за сите кои го познававме, го сакавме и се уште го почитуваме. Во Спомен-куќата ќе биде претставена Тактилната изложба на музејски предмети, со објаснување со Брајовото писмо. На овој начин на денот кога пред суровата реалност затвораме очи пред фактот дека Тоше го нема, заедно со слепите лица ќе имаме можност да ги допреме, тактилно, неговиот лик, неговиот манастир, неговите гитари и многу други музејски предмети, дел од поставката во Спомен-куќата, вели директорката на Спомен-куќата „Тодор Проески“, Лефкија Гажоска.

Во Спомен-куќата, која е најпосетуваниот музеј откако е изграден во 2011 година, ќе биде презентирано и видео на знаковен јазик и ќе биде поставено на веб-страницата на Спомен-куќата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите
Вести

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

23/05/2026
Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија
Вести

Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија

23/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници
Вести

СДСМ прифаќа покана, но со услов: Дебата со медиуми и камери

23/05/2026
Хаос во центарот на Белград: Фрлање предмети, детонации и полициски кордони
Вести

Хаос во центарот на Белград: Фрлање предмети, детонации и полициски кордони

23/05/2026
Лидерот сигурен: Вардар со нова победа, пресврт на Силекс во Струга
Вести

Шампионски финиш: Вардар сигурен против Шкендија во последното коло

23/05/2026
Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот буџет гарантира стабилни финансии и повисок економски раст во 2026
Вести

Димитриеска-Кочоска ја повика опозицијата на средба: Економијата се води со бројки, не со паника

23/05/2026
Следна вест
Анџелина Џоли во улогата на Марија Калас носи винтиџ крзно и кожена облека

Анџелина Џоли во улогата на Марија Калас носи винтиџ крзно и кожена облека

Најнови вести

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

23/05/2026
Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија

Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија

23/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници

СДСМ прифаќа покана, но со услов: Дебата со медиуми и камери

23/05/2026
Хаос во центарот на Белград: Фрлање предмети, детонации и полициски кордони

Хаос во центарот на Белград: Фрлање предмети, детонации и полициски кордони

23/05/2026
Лидерот сигурен: Вардар со нова победа, пресврт на Силекс во Струга

Шампионски финиш: Вардар сигурен против Шкендија во последното коло

23/05/2026
Дневен хороскоп за среда, 26-ти јуни 2024-та

Без влакна на јазикот: Хороскопски знаци познати по бруталната искреност

23/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.