Француските власти спречиле планиран напад врз синагога во париското предградие Сарсел, а шест лица се наоѓаат во притвор и наскоро би можеле да се соочат со обвиненија, соопшти францускиот обвинител за антитероризам.
Според информациите што ги пренесе Ројтерс, нападот бил планиран за почетокот на јули, но бил осуетен благодарение на навремената реакција на безбедносните служби.
Осомничените биле уапсени по инцидентот на 12 јули, кога околу 300 лица биле евакуирани од Сарсел откако во близина на синагогата било забележано сомнително возило.
Истрагата ја води француското обвинителство за антитероризам, кое соопшти дека постојат сомнежи дека планираниот напад е поврзан со исламски екстремизам.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности, како и евентуалните врски на осомничените со пошироки екстремистички мрежи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












