Петнаесетгодишно момче од Скопје било донесено во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ со повреда од остар предмет во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи.
Според изјавата на малолетникот дадена пред полициски службеници, инцидентот се случил во скопската населба Гази Баба, каде што тој бил повреден од друг малолетник кого го познавал.
Момчето навело дека повредувањето се случило за време на игра и дека немало намера некој да биде повреден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












