• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Koj датум ќе го избере Ковачевски за избори?

24/10/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Koj датум ќе го избере Ковачевски за избори?

Мора да се договори датум за редовни избори. Еве му еден предлог на Ковачевски. Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака помеѓу двата најголеми верски празника идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок, побара вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во обраќањето на настанот по повод  23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба и јубилејот, порача дека „обновата ќе дојде, а промените ќе бидат онолку силни, колку што ќе биде силна поддршката“.

Како што оцени Мицксоки, „оваа Влада, преку одбегнување да се договори датум за избори, оди кон свесно предизвикување уставна и политичка криза“.

-Срамота е што преку медиуми се договараме и лиферуваме датуми за редовни избори. Разбирам кога велат дека Ковачевски никој не го слуша во Владата, зашто ниту министрите, вицепремиерите и кај него во партија му имаат почит. Затоа е оддаден на шетање по светот и компаниите. Но, мора да се договори датум за редовни избори. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно, во огромен број да им ја прати пораката на овие избори – нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени. Заветот на Организацијата и поинаквите цели кои мора да ги оствариме се да ја кренема Македонија на здрави нозе, истакна Мицкоски.

Тој рече и дека не сака да биде предмет на уцени при создавањето на идната влада.

-Затоа, го замолувам секој граѓанин да се вклучи и да излезе на следните избори масовно. Важно е гласот на секој човек да има важност. Лошите политичари се на власт, зашто тие ја користат неодлучноста на оние кои не гласаат. Воедно, народот треба да биде свесен за данајските игри на оние во опозицијата стимулирани од власта да глумат патриоти и да го ситнат отпорот против оваа власт. Нив ќе ги препознаете што имаат по некоја критика за власта, колку за да помислите дека се опозиционери ама за се друго и по професија и норма се критичари на опозицијата. Со часови навредуваат, плукаат, анализираат луѓе од опозицијата. Неприродно се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ кога ја имаме најнеспособната власт. Тие треба кај народот да внесат сомнеж за опозицијата и со секој нејзин потег и да ве одвратат од гласање. Мојата порака е не им верувајте, внимавајте. Одговорот на ова треба да биде да не пропадне вашиот глас за тие опозиционери и опозиција на опозицијата, туку масовно да се поддржи единствената сила способна и подготвена за промени ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, порача Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Неочекуван предлог на Токаев пред Путин за војната во Украина

26/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Летно време низ Македонија, сонце и температури до 35 степени

26/07/2026
Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите
Вести

Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

26/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Шеесет и едногодишник од Кичево тешко повреден во сообраќајна несреќа

26/07/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Следна вест
Убава Македонија: Сте ја посетиле ли црквата во карпа во Радожда? (ФОТО)

Убава Македонија: Сте ја посетиле ли црквата во карпа во Радожда? (ФОТО)

Најнови вести

Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Неочекуван предлог на Токаев пред Путин за војната во Украина

26/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Летно време низ Македонија, сонце и температури до 35 степени

26/07/2026
Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

26/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Шеесет и едногодишник од Кичево тешко повреден во сообраќајна несреќа

26/07/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.