Младинците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Сергеј Попов и Марко Михаилоски на ТВ дуел на телевизија 24 ги судрија своите аргументи за политиките кои се спроведуваат за младите во Македонија.
Најжестокиот дел од емисијата е токму за најгорливиот проблем, изградбата на студентски град и реконструкција на постоечките студентски домови, проблем кој директно ги засега идните академски граѓани во земјата.
Иако СДСМ ветуваше дека ќе изгради студентски град и ќе ги реконструира постоечките домови, студентите уште живеат во мувла, со искршени прозорци и хорор тоалети во кои нема вода и струја, потенцираше Попов.
Според претставникот пак на СДСМ, проблемот не е во владејачката гарнитура туку во тоа што владата на Груевски инвестирала во споменици, а не во студентски домови во текот на нивното 11 годишно владеење.
Во продолжение погледнете го дуелот на претставниците на младите политички клубови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.