• Импресум
Saturday, July 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Свесни ли се во ДУИ и СДСМ дека Македонија не може да издржи нови партиски вработувања?

16/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Свесни ли се во ДУИ и СДСМ дека Македонија не може да издржи нови партиски вработувања?

Скоро да нема ден да не се слушне во јавноста за некое ново масовно вработување во државните институции. И тоа не во оние каде платите се поскромни, не се одбираат работните местенца…

Треба ли да се каже кој тоа на осиромашениот македонски грб товара нови лица од кои повеќето ќе бидат по занимање: клати врата – земај плата?

Треба ли да се каже кој тоа сиве овие години не убедуваше дека веќе нема да има партиски вработувања и дека приоритет им е реформа на државната администрација?

Си течат огласи по огласи за вработување… А најмногу ги објавуваат државните институции и претпријатија и се бараат не неколку туку по десетици па и стотици нови работници. Јавноста неодамна беше изненадена од огласот за масовни вработувања во „Национални шуми“ со којшто се бараат 355 работници. Па луѓе бре, толку дрвја веќе нема во Македонија.

Во „Водостопанство“ –  требало 157 лица…

Ќе се вработуваат 1.117 здравствени работници од најразлични профили – доктори, сестри, техничари, хигиеничари, лаборанти… Главно, кадри кои долго време работеле со договори за дело.

Сега се објавува и конкурс за прием на петнаесетина работници во Царинската управа, а предимство ќе имаат припадници на одредени етнички заедници. Ете баш сега се појавуваат и огласи за професионални војници…

Уште има да се реди вакви примери. А тек колку ли вработувања се слушуваат што не се дознаваат во јавноста. Крш се прави, борба е во владеачките партии за освојување на места каде даваат државна плата. Сетете се само дека почнаа и да тепаат ако се противиш на партиско вработување во добростоечка државна фирма. Да ги споменуваме ли семејните вработувања на фисоките функционери по разните државни јасли?

Едноставно, во Македонија се случува вистинско цунами кога се работи за вработувањата во државен сектор. Критериуми? Кога како…

Ова ли беше причината што премиерот Димитар Ковачевски деновиве се пофали дека стапката на невработеност во земјава од некогашните 25 отсто во 2016 година, сега опаднала на 12,8 проценти? Едни масовно се вработуваат, други (кои немаат партиски врски) масовно се иселуваат од Македонија и еве ти бројка на невработени со која премиерот се фали. 

Ова мора веднаш да престане. Македонија не може да издржи нови партиски вработувања. Државниот буџет не е буре без дно.

Свесни се за ова во СДСМ и ДУИ? Која е нивната цел и визија за иднината на земјата – која инаку не е нивна своина – туку на сите граѓани на Македонија?

Свесни ли се во ДУИ и СДСМ дека Македонија не може да издржи нови партиски вработувања?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК
Вести

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула
Вести

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето
Вести

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0
Вести

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
Следна вест
СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА СПИРО РИСТОВСКИ ЗА „27 АПРИЛ“: Поранешниот министер неосновано бил држен во притвор

СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА СПИРО РИСТОВСКИ ЗА „27 АПРИЛ“: Поранешниот министер неосновано бил држен во притвор

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.